• Горан Упале
Македонскиот тенисер Андреј Темов претрпе пораз во вториот меч од групата Е на турнирот за тенисери до 12 години што се игра во Академијата Рафаел Надал во Мајорка. Поуспешен од него беше хрватскиот тенисер Лука Митровиќ, кој оствари победа од 2-0 во сетови (6-1, 6-4).
Нашиот тенисер синоќа имаше настап и во конкуренција на двојки и по голема борба заедно со Адиан Куртцехаиќ од БиХ загубија од Адриан Шеин (Естонија) и Адам Зикмунд (Чешка) со 2-1 во сетови. Првиот го загубија со 6-4 во гемови, а вториот го добија со 6-3, додека во решавачкиот беше 11-9 на поени за противниците. Настапите на овој турнир се големо искуство за Темов.
На турнирот што се игра во Мајорка во организација на Академијата Рафаел Надал и Tennis Europe, настапуваат по 32 тенисери и тенисерки на возраст до 12 години од 23 земји.