• Горан Упале
Петра Квитова плачеше на збогувањето од тенисот. Некогашната шампионка на Вимблдон ја заврши кариерата емотивно и со солзи по поразот на Отвореното првенство на САД.
35-годшината чешката тенисерка на отворањето на УС Опен загуби од Французинката Дајан Пари со 1-6, 0-6. Мечот траеше само 53 минути. Квитова добро се држеше по мечот, но кога го помина теренот за да го прегрне својот сопруг Јиржи Ванек, очите ѝ се наполнија со солзи. Беше трогната и од краткото видео за збогување подготвено за неа од организаторите.
Квитова освои 31 турнир во текот на својата кариера, победувајќи двапати на Вимблдон (2011, 2014). Уште 11 пати беше поразена во финалето. Дебитираше во 2006 година, а во јануари 2009 година ја освои својата прва ВТА титула во Хобарт. Две години подоцна, во 2011 година, освои шест ВТА титули. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата беше второто место на ранг-листата на ВТА на 31 октомври 2011 година. Таа, исто така, освои бронзен медал во сингл на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.





