Таткото на Дел Потро му оставил долгови од 30 милиони евра?

Дел Потро

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро се соочува со големи финансиски проблеми поврзани со наследството.

Неговиот татко Даниел почина и му остави долг во висина од неверојатни 30 милиони евра. Според последните информации, Аргентинецот останал со само десет проценти од заработката во кариерата.

„Кога почина татко му, доверителите тропнаа на врата за да ги наплатат долговите. Даниел должел многу пари, бидејќи не знаел да го води бизнисот на вистински начин. Најмногу пари вложил во фабриката за житарки, која пропаднала“, рекол извор на аргентинските медиуми.

Адвокатите на Дел Потро не сакаа да ја коментираат ситуацијата во која што се најде поранешниот освојувач на УС Опен.