„Татко ми ме исфрли на улица по полуфиналето на Вимблдон, ме најдоа чистачките“

Поранешната австралиска тенисерка Јелена Докиќ откри нови детали од односот со нејзиниот татко Дамир. На јавноста веќе и е познато дека нејзиниот татко ја тепал и бил насилен, психички и физички.

Како гостин во подкаст, Докиќ раскажа за ситуацијата по полуфиналето на Вимблдон во 2000 година. Јелена, која тогаш имаше седумнаесет години, го загуби мечот од многу поискусната Линдзи Девенпорт.

„Дури и кога почнав да играм тенис и кога ја погодив првата топка, татко ми ме тепаше. Во 2000 година јас сум полуфиналист на Вимблдон, седам во солзи среде собата на играчите, разговарам на телефон со татко ми кој вели дека сум срам и срам за него и за семејството. Тоа беше затоа што загубив во полуфиналето на Вимблдон.

Не ми дозволија да се вратам во хотелот, но тој ми рече да правам што сакам, да спијам на улица. Останав на Вимблдон, чекав сите да заминат, се криев во аголот од собата на играчите каде ја минав ноќта. Ме најдоа среде ноќ бидејќи чистачките доцна ја чистеа собата“, изјави Јелена Докиќ.

Во својата кариера освои вкупно шест титули, најдобар пласман на ВТА листата беше нејзиното четврто место во август 2002 година, додека полуфиналето на Вимблдон во 2000 година беше нејзиниот најдобар резултат на Грен слем турнирите.