Свитолина плати 12.000 долари за операција на најталентираната украинска тенисерка

Свитолина

Украинката Елина Свитолина загуби на првиот меч во Рим, но затоа се најде на насловните страници поради прекрасен гест надвор од терените.

Таа плати 12.000 долари за целосна операција на својата сонародничка Дариа Лопатетска.

Младата 16-годишна тенисерка се повреди минатата недела за време на турнир во Германија. Сите ѝ предвидуваат светла иднина во белиот спорт и поради тоа Свитолина се погрижи да ѝ обезбеди финансиски средства.

Предвидувањата се дека Лопатетска за неколку години ќе се искачи на врвот на ВТА листата.