„Свис Банк“ во проблеми до гуша, во кризата „вмешан“ и Федерер

Швајцарската банка „Свис Банк“ се најде во центарот на вниманието, откако беше објавено дека цената на акциите драстично паднала и ќе мораат да позајмат дури 54 милијарди евра од Централната банка на Швајцарија, за да може да се „рехабилитираат“ од шокот. 

Во минатиот период „Свис Банк“ беше при врвот во Швајцарија и имаше големи спонзорски договори со светски познати личности, а меѓу нив беше и легендарниот Роџер Федерер. Соработката меѓу банката и тенисерот трае од 2009 година и прашањето е дали колапсот на банката ќе има некакво негативно влијание врз имиџот на Федерер, освојувач на дваесет Грен Слем титули во кариерата и еден од најголемите тенисери на сите времиња. 

Ова криза е главна тема во Швајцарија веќе неколку денови, а тамошните медиуми не го „заобиколија“ и славниот тенисер. Таблоидот „Блик“ пишува дека банката го користи имиџот на Федерер во своја полза: 

„Банката ги користи брендовите на Роџер Федерер и на швајцарската фудбалска лига во своја полза, тие имаат договори со нив и на тој начин комуницираат со своите корисници. Тоа е нивна класична маркетинг-кампања која трае со години.

„Свис Банк“ тоа го прави само од комерцијални цели. Федерер често не комуницира со нив, освен за теми поврзани со спонзорскиот договор“, заклучи таблоидот. 

Може да се каже дека со оваа објава, таблоидот го дистанцира славниот Федерер од актуелните случувања. Поголемиот дел од јавноста има огромна почит за него и верува дека тој нема допирна точка со проблемите на „Свис Банк“. 

Легендарниот Роџер Федерер ја заврши својата брилијантна кариера минатиот септември, но ги задржа сите спонзорски договори што ги имаше со многу субјекти претходно. Неговиот бренд е проценет на годишен промет од 2,2 милијарди евра.