• Саше Љолес

Меѓународната агенција за интегритет (ИТИА) соопшти дека австралискиот тенисер Макс Пурсел е официјално суспендиран поради кршење на анти-допинг правилата.
Пурсел побарал и прифатил привремена суспензија која стапила на сила на 12 декември, но уште не е познато колку истата ќе трае. Се претпостаувува дека забраната за настап ќе трае во следните два месеца, што автоматски значи дека сигурно нема да може да игра на Австралија Опен во јануари.
26-годишниот тенисер во моментов е на 105. место на АТП листата, но е дванаесетти кога се работи за играта во двојки. Освојувач е на два Грен-Слем турнири - УС Опен и Вимблдон. Ова се прилично лоши вести за Италијанецот Јаник Синер, кој и натаму го чека исходот од случајот со допинг-скандалот, но е пријавен за настап во Мелбурн.