Супер вест за тениските гурмани: Федерер и Серена ќе играат на Австралијан Опен

Роџер Федерер, и Серена Вилијамс се наоѓаат на листата учесници што организаторите на првиот Гренд слем турнир во 2021 година го објавија денес во Мелбурн. Турнирот треба да се одржи од 8 до 21 февруари, а почетокот е поместен за три недели поради пандемијата на коронавирус.

„Првата светска тенисерка, Барти се враќа на натпреварувањата, како и Роџер Федерер, кој паузираше поради повреда“, рече директорот на турнирот Крег Тили.

Поради две операции на колената, 39-годишниот Федерер кон средината на овој месец речедека не е сигурен дека ќе учествува на турнирот во Мелбурн.

Тенисерите кои се пријавени на на Австралија Опен ќе бидат сместени во хотели што ќе бидат резервирани само за нив, а ќе имаат дозвола да бидат надвор од хотелскиот комплекс по пет часови на ден, само за тренинг или натпревар.