Суарез Наваро планира враќање на тенисот по хемотерапијата

Карла Суарез Наваро се надева дека во втората половина на 2021 ќе се врати на тениските терени, откако ќе заврши нејзината хемотерапија. Кај 32-годишната Суарез Наваро беше дијагностициран Хоџкинов лимфом, опасна болест со голем морталитет, но таа не ја губи надежта за враќање.

„Сега сум во последната фаза, мислам дека имам уште месец и пол од третманот. Уште три хемотерапии, а потоа ќе видиме дали ќе одиме на радиотерапија. Мислам дека во февруари ќе биде готово. Не знам дали ќе можам да играм во 2021 година, но не сакам да се откажувам предвреме“, рече Суарез Наваро во интервју за шпанските медиуми.

Наваро вели дека не престанала со тренинзите и со подготовките и сонува да се врати на тениските терени.

„Би сакала да имам шанси уште еднаш да играм на гренд слем, се надевам во вториот дел од сезоната, а би можела и да одам на Олимпијада. Имам заштитен рејтинг од 68. место, а изборот за Токио ќе биде помеѓу 60-тото и 70-тото место“, заврши Суарез Наваро.

Шпанските спортски кулоари се одушевуваат на храброста и духот на Карла Суарез Наваро.