• Саше Љолес
Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска, го заврши настапот на Фјучрсот кој се играше во Шарм Ел Шеик. Нашата претставничка загуби во второто коло од домашната тенисерка Јасмин Езат со 2-0, по сетови 6-1 и 6-4.
Мечот траеше 77 минути, а Стоилковска пружа силен отпор само во вториот сет, кој сепак, за жал го загуби на крајот и мораше да се помири со пораз во втората рунда од овој турнир.
Магдалена Стоилковска ќе настапи на уште еден турнир во Египет, но до главната фаза ќе мора да стигне низ квалификациите. Вториот Фјучрс се игра исто така за награден фонд од 15.000 американски долари.