Стоилковска запиша победа и го донесе првиот поен за Македонија на ФЕД Купот

Стоилковска

Тениската репрезентација на Македонија стигна до првиот поен во дуелот против Конго во рамки од ФЕД Купот кој ќе се игра во Хелсинки.

Првата победа за нашиот национален тим ja донесе Магдалена Стоилковска, која во два сета ја надигра Глори Мфумангана (6-2, 6-3). 

По почетните 1-1, македонската тенисерка направи брејк и врза три гема во низа. Предноста ја одбрани за конечни 6-2 и стартно водство на мечот. 

Следуваше голема борба на стартот на вториот сет која на крај заврши во полза на Стоилковска. Иако еднаш го загуби својот сервис,  23-годишната репрезентативка успеа да возврати во иста мера и да го заокружи одличното издание со два добиени сета.

Денес на терените во Хелинки ќе излезе и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која ќе се соочи со Виктори Мфумангана. Последниот меч во двојки ќе се одигра на крајот од денешната програма.

Утре за Македонија следува дуел со Косово, па за два дена следува Алжир и Кипар за крај на турнирот.