• Мартин Танасковски
Новак Ѓоковиќ го потврди статусот на најдобар тенисер во историјата со освојување на златниот медал на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз. Србинот така ги обедини сите одличја што може да ги има еден тенисер.
Ѓоковиќ го прослави својот успех од соништата во српски ресторан во Париз, а сведок на забавата беше неговиот добар пријател Јанко Типсаревиќ. На видеото што го објави на Инстаграм, Новак може да се види како танцува и пее на српска музика додека пие црвено вино.
Ѓоковиќ одигра доста тешко финале против Карлос Алкараз кое се реши во два сета, во два тај-брејка