Српската Влада застана во одбрана на Ѓоковиќ: „Она што се случи е наша вина...“

Новак Србија

Надлежните органи конечно јавно застанаа во одбрана на Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас беше распнат поради организацијата на тениските турнири пред неколку недели, поради кои се појавија неколку нови случаи на ковид-19.

Српската министерка Ана Брнабиќ му се заблагодари на најдобриот тенисер на денешницата за неговата намера, а вината ја префрли на Владата и нејзините одлуки да се намалат мерките на претпазливост.

„Виновна е Владата за намалените мерки на претпазливост, а не Новак Ѓоковиќ. Ја користам оваа прилика да им се извинам на сите кои се почувствуваа загрозени за време не турнирите“, изјави Брнабиќ.

На трибините во Белград првичната замисла беше да има 1.000 навивачи, а на крај тие достигнаа бројка од 4.000. Проблем во очите на јавноста беа и фудбалските и кошаркарските егзибиции пред мечевите, како и забавата која беше организирана по завршувањето на турнирот.