• Горан Упале
Ужасни работи и се случија на Наталија Стевановиќ по поразот во квалификациите за турнирот во Гвадалахара, Мексико. Србинката, која сезонава блескаше на Вимблдон, беше поразена од Американката Марија Матеас со 6-3, 7-5. Стевановиќ водеше со 5-2 во вториот сет, но на крајот го загуби и потоа почнаа навредите.
„Што да кажам после ова? Дали треба да се грижам за мојот живот само затоа што загубив по повреда? Спортистите го даваат својот максимум на теренот и ваквите заканувачки пораки се нешто премногу сериозно. Ова го пишувам за првпат затоа што смачено ми е да добивам вакви пораки.“, напиша Наталија, а во продолжение објави и бројни скриншотови од пораките кои ги добивала.
Во коментарите на нејзините објави на Инстаграм, луѓето ставаат емотикони за измет, пишуваат „не си професионален тенисер, смешна си“, „не треба повеќе да играш тенис“, „ѓубре“ и еден коментар вели и „чекаме да те е*еме“...
А, уште пострашни се пораките во инбокс на Инстаграм...
„Прочитај ја оваа порака внимателно, грубо ѓубре! 5-2 во вториот сет, а на крајот 5-7... Ќе те најдам, ќе те силувам и ќе те распарчам ретардирана кучка. Ова не се празни приказни. Ќе те најдам верувај ми и ќе ја силувам“, напиша анонимен испраќач од очигледно лажен профил.
Ова не е првпат тенисерките да се жалат на ваков третман. Речиси сите тенисери кои играат на високо ниво зборуваа за тоа како добивале вакви закани на социјалните мрежи по поразите, но и по победите. ВТА очигледно мора да направи нешто што е можно поскоро, пред да се случи нешто трагично.