Србљак и Симева се тениски државни прваци на Македонија

Македонија ги доби државните прваци во тенис, во името на Горазд Србљак и Александра Симева, кои одиграа одлично и се закитија со признанијата.

На Државното првенство во сениорска конкуренција, Горазд Србљак во финалето беше подобар од Димитар Грабул, со 2-1 во сетови (3-6, 6-3, 6-2). Кај дамите, пак, Александра Симева беше поуспешна од Јана Стојановска, со 2-0 во сетови (6-1, 6-4).

Победникот кај мажите добива награда од 12.000 денари, додека кај дамите пласманот носи 9.000 денари.