• Саше Љолес
Македонските тенисер, Горазд Србљак и Шендрит Деари, го завршија настапот на М15 турнирот кој се играше во Куршумлиска Бања, Србија.
И двајцата играа против носители на турнирот, а Србљак загуби по голема борба против петтиот фаворит, Саба Пурцеладзе од Грузија со 2-0, по сетови 6-7/2 и 3-6, во меч кој траеше два часа и шест минути.
Деари беше поразен од Србинот Душан Обрадовиќ (осми носител) со 2-0, по сетови 2-6 и 3-6, за вкупно еден час и шеснаесет минути игра. За Деари следен предизвик ќе бидат мечевите за македонската Дејвис-Куп репрезентација, која во црногорскиот Улцињ ќе настапи во третата Европска зона.