Србинот емотивен како никогаш досега: Ѓоковиќ неутешен по финалето! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на Австралија Опен, откако во финалето го совлада Стефанос Циципас со 3-0. Србинот десетти пат се радува во исто толку финалиња во Мелбурн, со што се израмни со Рафаел Надал на по 22 Грен слем титули. Овој турнир беше емотивен за Ѓоковиќ, од проста причина што минатата година беше депортиран бидејќи не беше вакциниран и не можеше да игра на омилениот турнир. Сепак, сега се врати посилен и доминантно го крена трофејот во Мелбурн.

По финалето, српскиот тенисер беше емотивен како никогаш досега. Откако на самиот терен немаше некоја претерана реакција во славјето, во моментите кога се качи на трибината кај неговиот стручен тим, Ѓоковиќ „се скрши“. Србинот беше во солзи, не можеше да престане да плаче и тоа продолжи и во моментите кога се врати на клупата. 

Оваа реакција дополнително зборува за тоа колку е значаен овој трофеј за Ѓоковиќ. Србинот чекори кон „титулата“ за најдобар на сите времиња, иако во моментов е израмнет по бројот на големи титули со Надал.