Србија и Велика Британија добија „вајлд-карти“ за Дејвис Купот во 2022

Србија

Извршниот комитет на Дејвис Купот одлучи репрезентациите на Србија и Велика Британија да добијат специјална покана за настап на турнирот наредната година.

Добрите игри на Новак Ѓоковиќ и неговите соиграчи му овозможија на српската селекција да ја заслужи оваа чест. Идентична е причината за повикот на најдобрите британски тенисери.

Тоа значи дека овие две репрезентации нема да бидат дел од квалификациите, кои се закажани за март 2022 година.

Оваа година во финалето се пласираа Хрватска и Русија.