Совршена одмазда на Сабаленка, загуби само ЕДЕН гем од освојувачката на АО

Веројатно нема посовршена одмазда за спортски неуспех од онаа што Арина Сабаленка и ја нанесе на Медисон Кис во полуфиналето на Индијан Велс. 

Најдобрата светска тенисерка не само што ѝ се реваншираше на Американката за поразот во финалето на Австралија опен, туку тоа го направи со неверојатна доминација. Таа буквално ја здроби големата ривалка со резултат – 6-0, 6-1.

Ова е петта победа на Белорусинката во досегашните седум натпревари против Кис, но никогаш вака лесна. Колкава беше доминацијата на Сабаленка на овој меч говори и фактот што забележа единаесет гема во низа, а целиот натпревар траеше помалку од еден час (52 минути).

Но, финалето се очекува да биде поинаква приказна. Сабаленка ќе се судри со младата Мира Андреева против која има скор од 4-1. Но, 17-годишната Русинка игра неверојатен турнир во Индијан Велс, а тоа го покажа и со победата во полуфиналето над Ига Швјонтек.