• Иван Димовски
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа конечно го оствари сонот кој го бркаше речиси една деценија. По бројните обиди и разочарувања во квалификациите, Ѓорческа за првпат во кариерата избори место во главната жрепка на еден Грен слем турнир.
Нејзиното долго патување започна уште во 2017 година, кога настапи во квалификациите за Австралија опен и Ролан Гарос. Тогаш не успеа да направи последен чекор во Мелбурн, а во годините што следуваа неколкупати повторно се обиде да стигне до големата сцена. Во 2018 година настапи во квалификациите за УС Опен и мина една рунда.
На следниот квалификациски настап Лина чекаше до 2024 година кога заигра во Париз, а таму настапи и во квалификациите во мај. Сепак, патот ѝ траеше само до првото претколо.
Круната на кариерата доаѓа токму сега, бидејќи Ѓорческа во вториот обид се пласира на Вимблдон и си го исполни веројатно најголемиот тениски сон. Притоа, таа стана и прва Македонка која ќе заигра во главната ждрепка на еден Грен слем турнир во сингл конкуренција.









