Славниот актер е „виновникот“ за поразот од Алакраз: Кога е на трибини, Ѓоковиќ...

Новак Ѓоковиќ остана без трофеј на Вимблдон. На патот до 24. Грен слем титула и осма на лондонската трева го сопре Карлос Алкараз во големото финале. Сега навивачите на српскиот играч најдоа нов виновник за тој пораз – легендарниот актер Бред Пит.

Еден од најпознатите холивудски актери беше на трибините на централниот терен и се чини дека му донесе лоша среќа на Ноле. Имено, тој беше сведок на уште едно Грен слем финале, кое Србинот го загуби. Тоа беше меч на УС Опен во 2021 година кога победи Данил Медведев. Тогаш Ѓоковиќ можеше да го освои календарскиот слем, поточно да ги освои сите четири големи турнири во иста сезона, но Русинот го спречи во тој подвиг.

Такво нешто имаше можност да направи и оваа сезона, бидејќи ги освои трофеите на Австралија Опен и Ролан Гарос. Да го победеше Шпанецот во Лондон, повторно ќе го нападнеше календарскиот слем во Њујорк. На овој начин тој остана без можност да го стори тоа. Овие две финалиња ги поврзува Бред Пит, па останува да се види дали и тој ќе се појави на „Артур Еш“, доколку Ноле стигне до нов меч за титула.