Славната Венус Вилијамс немаше сили за мотивираната Олга Даниловиќ!

Српската тенисерка Олга Даниловиќ ја победи американската легенда Венус Вилијамс со резултат 2-1 во сетови (6-7/5), 6-3, 6-4) во првото коло на Австралијан Опен.

Ова беше првпат во кариерата на Даниловиќ да игра против Вилијамс, која иако има многу повеќе искуство и е освојувач на седум Грен-Слем титули, на почетокот на мечот делуваше доминантно. Американката поведе со 4-0 во третиот сет, но Даниловиќ направи фантастичен пресврт и освои шест последователни гема за да ја заврши средбата во своја корист. Мечот траеше два часа и 19 минути.

Клучниот момент беше во деветиот гем од третиот сет, кој траеше долго и имаше бројни израмнувања, но Даниловиќ на крајот ја искористи третата можност за брејк и тргна кон победата.

По овој триумф, Даниловиќ ќе игра во второто коло на Австралијан Опен против подобрата играч од мечот меѓу Коко Гоф и Камила Рахимова.