ФОТО: Скршен рекет на Серена од 2005 година се продава за илјадници долари

Серена

Фамозниот рекет на Серена Вилијамс од 2005 година е ставен на аукција со почетна цена од 8.000 долари.

Истиот е потпишан од американската тенисерка, која го скрши за време на дуелот со Ангела Хејнс на Вимблдон. Големата шампионка го загуби првиот сет, па гневот за лошата игра го истури врз рекетот.

На крај Серена очекувано победи, а сега, 14 години подоцна, рекетот се продава за илјадници долари.