• Саше Љолес
Бен Шелтон со одбраната на титулата на Мастерсот во Канада направи нешто што им успеало само на мал број тенисери во историјата. Сепак, младиот Американец не сака неговото име да се става во ист контекст со тениските легенди како Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Шелтон стана еден од ретките играчи кои успеале да ја одбранат титулата на канадскиот Мастерс. Пред него тоа им појде од рака само на Иван Лендл, Џон Мекинро, Андре Агаси, Енди Мареј, Ѓоковиќ и Надал.
Иако денес е шести тенисер на АТП-листата, Шелтон веднаш ги отфрли споредбите со големите имиња.
„Тоа се играчи кои освоиле апсолутно сè што може да се освои во тенисот. Јас сум многу далеку од тоа и никогаш не би кажал дека сум еден од нив“, изјави Американецот.
До новиот трофеј Шелтон стигна откако во финалето во Монтреал го совлада сонародникот Брендон Накашима. Особено импресивен е фактот што на патот до титулата одигра шест натпревари и не загуби ниту еден сет.
За 23-годишниот Американец ова беше четврта титула во 2026 година, а воедно и седма во неговата професионална кариера.
