• Зоран Мишевски

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа скокна на најновата ранг листа и сега со 421 поен се наоѓа на 178-то место односно има напредок од единаесет позиции. Ѓорческа претходната недела ја заврши со настап во полуфиналето на фјучрсот во Ираклион каде освои 25 поени. Лина во конкуренција на двојки има пад за едно место односно се наоѓа на 327-то место со 256 поени.
По една недела пауза Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрсот во Валенсија што стартува на 20 ноември.
Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА Магдалена Стоилковска има скок за осум места и сега е рангирана на 1223-то место со осум поени, додека во конкуренција на двојки и таа има пад за едно место и со шест поени се наоѓа на 1472-то место.