• Горан Упале

Јелена Рибакина, шампионката на Вимблдон, направи скок на листата на најдобри светски тенисерки. Русинката која настапува под знамето на Казахстан напредуваше две позиции по титулата на турнирот во Рим. Таа од шестото скокна на четвртото место и има 5.090 бода.
Таа успеа да ги „скокне“ Каролин Гарсија од Франција и Американката Коко Гоф, кои сега се на петтото, односно шестото место.
На ВТА листата и понатаму води Ига Швјонтек од Полска со 8.940 бода. По неа е Арина Сабаленка од Белорусија со 7.541 бода и Џесика Пегула од САД, која има 5.205 бода.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по финалето во Куршумлиска Бања напредна осум места и сега е на 252. позиција со 270 бода.