Скандалозни сцени во Лион: Шведски тенисер го скрши судиското столче

Од АТП Турнирот во Лион стигнуваат помалку неверојатни сцени. Шведскиот тенисер Микаел Имер направи огромен инцидент и со рекетот го скрши столчето на кое седеше главниот судија на мечот. 

Швеѓанецот не беше задоволен од една одлука на судијата кој не сакаше да погледне една спорна ситуација, а тоа го изнервира тенисерот кој реагираше недолично и скандалозно. При резултат 5-5 во гемови во првиот сет, неговиот противник Артур Филс успеа да поведе со 6-5, а Имер тргна кон своето столче, но наместо да седне и да се подготви за продолжението на мечот, тој реши да се „истури“ на столчето на главниот судија. 

Публиката веднаш упати критики и извици на негодување, а тој мирно седеше на столчето, како ништо да не се случило. Потоа следуваше и очекуваната дисквалификација на тенисерот.