Скандал на Ролан Гарос: Серена го исфрли Тием од конференциската сала (ВИДЕО)

Тием Серена

Четвртиот тенисер на светот Доминик Тием нервозно реагираше по едно скандалозно однесување на организаторите на Ролан Гарос.

На сред прес-конференција, некој му рече дека мора да ја напушти салата. Причината беше Американката Серена Вилијамс која заработи пораз од својата сонародничка Софија Кенин.

„Што по ѓаволите? Не го разбирам ова, навистина. Мора да е некаква шега. Морам да ја напуштам салата, бидејќи таа доаѓа... Добро, тогаш јас ќе си заминам. Можам и јас да правам што сакам“, реагираше австрискиот тенисер.

Серена е позната по тоа што секогаш бара посебни привилегии од организаторите на турнирите на кои што учествува.