„Сѐ уште сум фасциниран од Федерер, играта на Надал и Ѓоковиќ ми е досадна“

Надал и Ѓоковиќ

Ретко се случува некој да испрати критика на сметка на играта на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Се чини дека меѓу тениските фанови и да нема некој кој што не ужива во нивната перфекција.

Но, Италијанецот Адриан Паната не мисли така и смета дека тенисот треба да биде елегантен спорт, сличен на музиката, како што гласи насловот на неговата последна книга.

„Федерер и понатаму е мојот омилен тенисер и ме фасцинира со секој негов настап. Надал е голем борец и игра агресивно, а Ѓоковиќ се обидува се да стигне и да врати во тереноТ. Но, тоа за мене е досадно и не сум голем фан на нивната игра.

Во мое време во израз доаѓаше играта со волеј, а денешните тенисери се потпираат само на физичката подготовка. Тенисот треба да биде како музиката. Поради тоа Роџер најмногу ме импресионира и покрај возраста“ , вели поранешниот шампион на Ролан Гарос.

Паната во својата кариера освоил десет титули, а најдобро рангирање на АТП листата му е четвртото место во август 1976 година.