Синер: Заслугата за мојот совршен баланс му ја препуштам на скијањето

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, даде интересна изјава поврзана со неговите спортски почетоци и се осврна на времињата кога активно се натпреваруваше како скијач во младинските категории. 

На Синер му предвидуваа одлична скијачка кариера, но тој подоцна реши да се префрли на тенисот и очигледно, не донел погрешна одлука, затоа што денес се вбројува меѓу најдобрите на светот, а неодамна стигна и до првиот Грен-Слем трофеј во кариерата (победи на Австралија Опен). 

„Скијањето ми донесе одреден баланс во тениската игра. Особено сум внимателен во лизгањата, а мислам дека колената и бутовите ми се силни токму поради периодот посветен на зимските спортови. 

Секако, најважен е менталниот аспект, но јас успеав некако да ги искомбинирам позитивните нешта од двата спорта. Мислам дека не погрешив, а и резултатите во последно време го потврдуваат тоа“, рече Синер. 

Италијанецот со епски пресврт славеше во финалето на Австралија Опен и го надигра Данил Медведев по негатива од 0-2 во сетови, а исто така беше и еден од двајцата тенисери (заедно со Карлос Алкараз), кои минатата година успеаја да го совладаат Новак Ѓоковиќ.