• Мартин Танасковски
Првиот светски тенисер Јаник Синер се пласира во четвртфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако го совлада Русинот Роман Сафиулин со 2-1 (3-6, 6-2, 6-3), но, сепак, овој триумф на Италијанецот остана во сенка.
Причината за таквото нешто е веста дека Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднела жалба за неговиот познат случај за допинг до Меѓународниот спортски арбитражен суд (CAS). Се бара суспензија на Синер за период од една до две години. Тој уште еднаш додаде дека е изненаден од ваквата одлука на ВАДА.
„Не можеме да контролираме сè, нели? Очигледно сум многу разочаран и изненаден од таа жалба, да бидам искрен, бидејќи имавме три рочишта - и сите три рочишта завршија многу позитивно за мене. Не го очекував тоа. Можеби тие само сакаат да се уверат дека се е на свое место. Изненаден сум од таа жалба", изјави Синер.
Италијанскиот тенисер во четвртфиналето на Пекинг ќе се сретне со Чехот Јиржи Лехечка.