• Иван Димовски
Јаник Синер во три сета го совлада Роман Сафиулин (2-1) во осминафиналето на АТП турнирот во Пекинг. Италијанскиот тенисер прво загуби сет, а потоа направи пресврт против ривалот од Русија за пласман меѓу осумте најдобри.
Сафиулин отвори добро, со 6-3 го освои првиот сет и дојде до предност. Сепак, тоа како да го разбуди Синер. Италијанскиот ас одговори со 6-2 и 6-3, па за вкупно 142 минути го доби мечот против Русинот.
Четвртфинале избори и Данил Медведев, откако го доби дуелот со Адриан Манарино (2-0). Русинот се измачи во првиот сет, мораше да игра тај-брејк и го доби со 8-6, а потоа со 6-2 го затвори мечот.
Синер во четвртфиналето оди на мегдан со Лехечка, а Медведев ќе игра против Коболи.