• Саше Љолес

На Јаник Синер му беше потребно време да ги среди емоциите после поразот од Карлос Алкараз во финалето на Ролан Гарос, а по мечот изјави дека овие мечеви се секогаш добра основа за уште поголем напредок во кариерата.
Првиот светски рекет имаше три меч-топки во четвртиот сет, но Алкараз со неверојатна игра успеа да се врати и на крајот да го освои најсјајниот трофеј во Париз.
„Уште ми е тешко да ги средам сите емоции. Овие мечеви се исцрпувачки и тешки за оној што губи. Бев во добра ситуација, физички се чувствував одлично, но правев некои грешки што не смеам да си ги дозволам.
Тешко ми е да го прифатам поразот, зашто одиграв одличен турнир. Пред да дојдам во Париз настапив само на еден турнир, веројатно ќе беше подобро ако имав повеќе време за подготовка. Честитки за Алкараз, сосема заслужено дојде до оваа победа“, рече Синер.
Синер остана на три титули од Грен-Слем турнирите, но покажа дека е тенисер кој и во иднина со леснотија ќе ја „брише“ конкуренцијата.
ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter/X