• Саше Љолес
Јаник Синер стигна до својата прва Грен-Слем титула и со епски пресврт славеше над Данил Медведев, а по мечот изјави дека неговиот ривал за него претставувал голема инспирација и упати пофални зборови за рускиот тенисер.
„Пред сѐ, Данил, ти честитам тебе и на твојот тим за неверојатниот турнир. Одигравме многу мечеви, но јас пронајдов нешто ново во својата игра. Ти ме инспирираш и ме туркаш напред, сите часови што ги мина на терените и сите пресврти што ги режираше, тоа е навистина неверојатно.
Се надевам дека и ти ќе го освоиш овој трофеј во блиска иднина, знам дека можеш. Ти посакувам само најдобри нешта во натамошните турнири и знам дека оваа сезона ќе бидеш многу успешен. Им благодарам на сите навивачи кои ме поддржиуваа, ова е еден од најсреќните денови во мојот живот“, изјави Синер.
Присутните беа одушевени од скромноста на Италијанецот и го поздравија неговиот говор со громогласен аплауз. Не остана рамнодушен ниту Медведев, кој рече дека имал чест да игра против силен и талентиран ривал како Синер.