Синер сигурен против Лехечка за полуфинале во Пекинг

Светскиот тенисер број еден Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг каде ја брани титулата.

Италијанецот овојпат беше подобар од Јиржи Лехечка, 37. играч на планетата, со резултат 6-2, 7-6/6. Италијанецот, кој во последно време се соочува со голем притисок поради допинг скандалот, по третпат во кариерата успеа да го добие Чехот и да го продолжи походот кон одбрана на титулата во Пекинг.

Неговиот следен ривал во кинеската престолнина ќе биде подобар од Андреј Рубљов - Инчаокете Бу. Во второто полуфинале ќе се сретнат Карлос Алкараз и Данил Медведев.