• Мартин Танасковски
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се избори за финале на престижниот турнир Вимблдон во Лондон со победата над Новак Ѓоковиќ, а по мечот ги сподели своите впечатоци од натпреварот.
„Сервирав одлично, многу добро се движев на теренот. Во третиот сет се забележа дека Ѓоковиќ почувствува болка, падна во предпоследниот поен на претходниот меч. Но, останав смирен и исклучително сум среќен поради мојата одлична партија“, изјави Синер.
Тој додаде дека сега сè е насочено кон завршниот натпревар:
„Ќе видиме што ме очекува во финалето. Ќе се подготвам максимално“.
Со оваа победа, Синер го обезбеди првото финале на Вимблдон каде ќе игра со шпанскиот ас Карлос Алкараз.


