Синер: Ривалите ќе се мачат за да ме симнат од врвот!

Италијанецот Јаник Синер во моментов е неприкосновен лидер на АТП листата, каде уште повеќе се зацврсти после одбраната на титулата на Австралија Опен. 

Синер досега има успешна сезона и со леснотија ја „збриша“ конкуренцијата во Мелбурн, а во разговор со домашните медиуми изјави дека оваа година може да биде историска за него. 

„Историска година за мене, не толку поради првото место на АТП листата, туку поради начинот на кој играм. Мислам дека напредував во однос на минатите сезони и тоа е видливо на терените.

Имам жестока конкуренција при самиот врв, сите сакаат да го земат тронот, но мислам дека ќе мораат многу да се помачат за тоа. Се надевам дека ќе продолжам во ист ритам. Моите навивачи заслужваат да бидат среќни“, изјави Синер. 

Италијанскиот тенисер во моментов има 11.830 поени, додека второпласираниот Александар Зверев има 8,135. Трет е Карлос Алкараз (7,010), а четвртото место му припаѓа на Тејлор Фриц, кој стигна до 5,050 поени на своето конто.