Синер призна: Алкараз е фаворит, тешко е да го победиш на тревна подлога

Јаник Синер запиша нова голема победа над Новак Ѓоковиќ и се пласира во своето прво финале на Вимблдон. Таму го чека бранителот на титулата Карлос Алкараз, кој според изјавата на Италијанецот е голем фаворит во овој дуел. 

„Алкараз е фаворит, веќе победи тука двапати по ред. Многу е тешко да го победиш на тревна подлога, но јас ги сакам предизвиците. Се подобрувам како играч, секогаш се обидувам да играм нешто различно. Не сакам да бидам предвидлив на теренот“, рече Синер.

Во полуфиналната средба Синер го победи Новак Ѓоковиќ во три сета со 6-3, 6-3, 6-4. Алкараз, пак, беше подобар од Тејлор Фриц во четири сета.