• Зоран Мишевски
Италијанскиот тенисер Јаник Синер, според очекувањата, се пласира во финалето на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави. Бранителот на титулата го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 3-1 во второто полуфинале (6-1, 3-6, 6-3, 6-4).
Мечот на стадионот „Артур Еш“ траеше три часа и 19 минути. Синер ќе игра во финалето во недела против Шпанецот Карлос Алкараз, кој беше подобар од Новак Ѓоковиќ во второто полуфинале.
Најдобриот тенисер на светот лесно го освои првиот сет. Оже-Алијасим„покажа заби“ во вториот и се врати во мечот, но во остатокот Синер го задржа својот перфектен сервис и со по еден брејк во секој сет, триумфираше против 27. играч на планетата.
Синер и Алкараз играа и во финалето на Ролан Гарос и Вимблдон оваа година. Шпанецот победи на земјена подлога во Париз, а Италијанецот се одмазди во Лондон.
ФОТО:PHOTO: US Open Tennis



