• Иван Димовски
Јаник Синер делумно се измачи, ама се пласираше во финалето на првиот турнир по тримесечната суспензија и ќе игра за трофејот на АТП Мастерсот во Рим. Италијанецот во полуфиналната борба го доби мечот со Томи Пол со 2-1 во сетови по час и 45 минути борба.
Првиот сет беше катастрофален за првиот светски рекет. Томи Пол направи два брејка уште на стартот, поведе со 0-5 и го доби сетот со 1-6 по само 29 минути борба. Следуваше будење на Синер и во вториот сет направи три брејка, па со 6-0 стигна до експресно израмнување.
Решавачкиот сет беше релативно израмнет, Синер прв направи брејк кој ривалот успеа да го врати. Италијанскиот тенисер уште еднаш освои гем на противнички сервис за 4-2, потоа имаше две меч-топки за брејк, ама не ги искористи. Потоа во деветтиот гем Синер беше сигурен и со 6-3 се пласира во финалето.
Ривал во мечот за трофејот на Јаник Синер ќе му биде старо-новиот светски рекет број два Карлос Алкараз.
ФОТО/PHOTO: Internazionali BNL d'Italia