Синер покажа зошто е број еден, го „збриша“ Мадведев и ќе игра полуфинале во Торино

Јаник Синер покажа зошто е број еден на АТП листата и во два сета го совлада Данил Медведев за пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино (6-4, 6-3).

Во последниот меч од групната фаза италијанскиот ас одигра врвен тенис и за нешто повеќе од еден час игра по четврти пат во низа го совлада Медведев. 

Освојувачот на УС Опен првиот сет го освои благодарение на брејкот во клучните моменти. Се играше осмиот гем, кога Синер ја искористи првата брејк топка и поведе со 5-3. Во претходниот гем, Медведев двапати не искористи шанса за брејк, па откако Италијанецот казни, во деветтиот гем рутински, без загубен поен, стигна до водство во сетови.   

Во вториот сет Русинот прв попушти и Синер уште во третиот гем се избори за брејк-предност, но не успеа да ја сочува, бидејќи Медведев одигра моќно во шестиот гем и израмни на 3-3. Сепак, во деветтиот гем Италијанецот одново покажа класа и овој пат го сочува водството и заслужено ја продолжува битката за последниот трофеј во сезоната.