Синер: Победите над Ѓоковиќ ми дадоа мотив за сите нови успеси

Италијанецот Јаник Синер дефинитивно се наметнува како еден од најдобрите тенисери во светот и пред него е блескава кариера. 

Со победата над Григор Димтров на АТП Мастерсот во Мајами, Синер изби на второто место на АТП листата, по што изјави дека овие успеси делумно се должат на победите над Србинот Новак Ѓоковиќ. 

„Ќе излажам ако кажам дека го очекував ова. Знам дека бев подготвен за предизвикот и имав навистина добри резултати во последната година, но мислам дека за мене најважни беа победите против Ѓоковиќ. 

Кога ќе го совладате најдобриот, тогаш добивате уште поголема мотивација и сакате да бидете уште поуспешни. Имам максимална почит за Новак, но сметам дека триумфите против него ме направија подобар тенисер“, изјави Синер. 

Италијанецот го потисна Карлос Алкараз на третата позиција на АТП ранкингот и делува дека во моментов е најсериозен ривал на трофејниот српски ас, кој пред неколку дена изјави дека максимално се подготвува за настап на Олимписките игри во Париз.