• Саше Љолес
Првиот светски рекет, Јаник Синер, по голема и исцрпувачка борба ја оправда фаворитската улога и славеше во финалето на турнирот во Хале над Полјакот Хуберт Хуркач со 2-0, по сетови 7-6/8 и 7-6/2
Полскиот ас пружи силен отпор и не се откажуваше лесно од намерата да дојде до евентуално изненадување, но Синер покажа дека е најдобар светски тенисер и одигра максимално кога беше најпотребно, заокружувајќи ги во својата полза двата сета во тај-брејкот.
Со новиот освоен трофеј, Синер уште повеќе ќе се зацврсти на лидерското место на АТП листата, а зад него остануваат Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

