Синер остана лидер, на Ѓоковиќ му „бега“ завршниот Мастерс во Торино

Првиот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, остана прв на АТП листата, една недела по првата фаза од Светската група во Дејвис купот.

Списокот на тенисери остана непроменет во однос на претходната недела. Втори и трети тенисери се Германецот Александар Зверев и Карлос Алварас, додека четврти е Новак Ѓоковиќ со 5.560 поени.

Ѓоковиќ моментално е на деветтото место во трката за завршниот Мастерс во Торино, што значи дека би бил прва замена, но како што кажа и самиот, не му е приоритет да стигне до турнирот во Италија.