• Горан Упале
Италијанската тениска репрезентација се пласира во финалето на Дејвис Купот, откако попладнево во Малага ја совлада Австралија со 2-0.
Светскиот тенисер број еден Јаник Синер им го донесе вториот и решавачки бод на „аѕурите“, откако го совлада Алекс де Минор со резултат 2-0 (6-3, 6-4). Два брејка во првиот и еден во вториот сет беа доволни за италијанскиот ас да стигне до очекуваниот триумф.
Претходно Матео Беретини по голема борба го совлада Танасис Кокинакис. Овој дуел заврши со 2-1, по сетови 6-7, 6-3, 7-5.
Италија е бранител на титулата во ова натпреварување, а утре ќе се бори за нов трофеј со селекцијата на Холандија.