Синер може да направи нешто што не успеал никој друг!

Јаник Синер со Италија ќе игра во финалето на Дејвис купот против репрезентацијата на Холандија. 

Првиот светски рекет е главен адут на „аѕурите“ во походот кон одбрана на трофејот во ова натпреварување. Доколку успее во тоа, Синер ќе достигне индивидуален успех што досега никој не го направил. 

Ако го освои Дејвис купот, Синер во една сезона ќе го обедини со два Грен слем трофеи и оној на завршниот Мастерс во Торино. Таков подвиг досега не му успеал на ниту еден тенисер во историјата. 

Освен наведените турнири, Синер се радуваше и на три турнири од серијата 1.000 (Мајами, Синсинати и Шангај) и два од АТП 500 (Ротердам и Хале).