• Мартин Танасковски
Италијанскиот тенисер Јаник Синер не го криеше задоволството по победата над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон, истакнувајќи дека секој дуел со српската тениска легенда претставува посебна мотивација. Актуелниот шампион славеше со убедливи 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4) и обезбеди место во своето второ последователно финале на Вимблдон.
„Неверојатно чувство. Ви благодарам на сите што дојдовте, атмосферата беше фантастична. Многу ми значи што повторно ќе играм финале тука. Да се игра против Новак е вистинска инспирација. Сè што направи и сè што сè уште прави во тенисот е навистина неверојатно“, изјави Синер веднаш по натпреварот.
Италијанецот откри дека внимателно се подготвувал за пресметката со седумкратниот шампион на Вимблдон.
„Секогаш играме тешки мечеви. По полуфиналето на Австралија Опен направивме одредени тактички прилагодувања. Знаев дека Новак имаше тежок натпревар во претходната рунда, а денес сервираше добро, што многу ми помогна. Бев агресивен од основната линија, ја менував играта кога беше потребно и сум многу задоволен од мојот настап“, истакна светскиот рекет број еден.
Во мечот за трофеј, Јаник Синер ќе се соочи со Александер Зверев.




