• Иван Димовски
Јаник Синер го освои првиот голем трофеј победувајќи во финалето на Австралија Опен. Со пресврт младиот Италијанец го совлада Данил Медведев и влезе во одбраното друштво освојувачи на Грен слем титули.
Пофалби и честитки до Синер доаѓаат од сите страни, а интересна е анализата која ја даде Ник Кирјиос. Австралискиот тенисер овојпат беше во улога на стручен коментатор на турнирот во Мелбурн, па имаше можност подетално да ги проследи настапите на сите тенисери.
„Неверојатно е колку неговата игра се подобруваше. како што одминуваше мечот. Пронајде ритам, многу сум среќен што бев сведок. Ги коментирав неговите мечеви од крајот на минатата година, против Новак во Торино и потоа на Дејвис купот. Си помислив, ова момче ќе тропне на вратата.
Предвидив дека ќе биде освојувач на Грен слем во 2024, без разлика дали овој или УС Опен. Ова ќе биде огромен скок за него и мислам дека од Синер ќе видиме уште многу трофеи на големите турнири во годините кои следат. Сега, кога го освои првиот ќе биде незапирлив. Покажа наверојатна зрелост. Го освои најголемиот трофеј во кариерата и беше скромен, тоа зборува з анего.
На патот до тронот во Австралија, Синер го исфрли и „кралот“ на овој турнир Новак Ѓоковиќ.