Синер ја зголеми предноста на врвот, Ѓоковиќ без игра го „скокна“ Алкараз

Со крајот на турнирите кои му претходат на Вимблдон, не дојде до значајни промени на АТП рангирањето. 

Првиот светски рекет Јаник Синер ја зголеми својата предност и на новото рангирање има 9.890 бода, откако доби 410 за освоениот трофеј на турнирот во Хале. 

Промена има на втората позиција, бидејќи иако не игра напредок забележа Новак Ѓоковиќ. Србинот има 8.360 поени, а откако Алкараз беше рано елиминиран во Хале загуби 450 поени и падна на третото место. 

Без промени останаа Зверев, Медведев и Рубљев, а Хуркач напредува на седмото место на сметка на Руд. Деветти е Де Минер, додека Стефанос Циципас се врати во топ десет исфрлајќи го Григор Димитров.