• Саше Љолес
Италијанецот Јаник Синер е во одлична форма периодов и бележи добри резултати, но никако не може да излезе од „сенката“ која виси над него поради големиот допинг-скандал.
Првиот светски рекет неколку пати изјавуваше дека е невин и никогаш свесно не би користел никакви недозволени средства, а во последната изјава се чини дека уште повеќе си ја отвори душата и изнесе работи кои јавноста не ги знаеше.
„Не знам дали треба да докажувам некому, но јас вистински живеев во немир. Имав многу непроспиени ноќи и бев на прагот на депресија. Се борев со сите тешки моменти, затоа што знам дека не сум виновен.
Ова не е ситуација во која би сакал да бидам, тоа треба на сите да им е јасно. Сакам да се потсетувам дека не направив ништо лошо и се надевам дека ќе успеам да ја оттгрнам оваа дамка од мојата кариера.
Моите најблиски точно знаат колкава жртва имам вложено за да бидам на врвот“, изјави Синер.
Изјавата на Италијанецот доаѓа по одлуката на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) да не го казни тенисерот кој беше обвинет за користење на клостебол, супстанца која е забранета од скоро сите спортски организации.